Утрински Весник
Свет

Камала Харис: Правото на абортус е загрозено во сите американски држави

Камала Харис: Правото на абортус е загрозено во сите американски држави

Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска изјави дека правата за абортус се под закана низ САД, на 50-годишнината од случајот Роу против Вејд, со кој жените имаат уставно право на абортус, но минатата година Врховниот суд го поништи.

dobivaj vesti na viber

„Право на секоја жена во секоја американска држава е да донесе одлука за своето тело по ова прашање. Републиканците во Конгресот сега бараат да се забрани абортусот веднаш по зачнувањето. Како се осмелуваат“, изјави Харис, пренесе Ројтерс.

Минатата недела, претставници на Белата куќа изјавија дека во 2023 година биле поднесени 60 закони против абортусот, а повеќе од 26 милиони жени моментално живеат во американските држави кои го забранија абортусот.

Можете да прочитате

Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Протекоа детали за голем пресврт во изборот на новиот папа: Овој кардинал предводен од 49 гласа, отишол на ручек, а потоа…

Минатиот месец бил вториот најтопол април во историјата