Утрински Весник
Магазин

Калиопи главна ѕвезда на 11то издание на „Џој Фест“ во Крива Паланка 

456081676 17944355909842742 1814906008254427542 N.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Музичката поп дива Калиопи ќе биде главна ѕвезда на музичкиот фестивал „Џој Фест”, кој годинава се одржува по 11 пат во Крива Паланка.

Кривопаланечката публика нестрпливо ја очекува омилената пејачка, а Калиопи ветува незаборавна ноќ  со бројните гости и посетители , на 24 август , на Градскиот плоштад во Крива Паланка, која е во знакот на фестивалските денови по повод патрониот празник на заштитникот „Свети Јоаким Осоговски”.

Покрај Калиопи,  втората фестивалска вечер ќе настапат и музичките групи Кисити, Парампашчад и Бубњиви и Пси, додека првата фестивалска вечер  е резервирана за Конкверинг лајон и Суперфикс.

Организаторите на „Џој фест” и годинава ветуваат незаборавна журка со многу музика и забава, по вкус на сите генерации.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“