Утрински Весник
Свет

Калифорнија се подготвува за најсмртоносната бура досега: „Ананас експрес“

Capture.jpg

Американската држава Калифорнија се подготвува за удар на најопасното невреме досега, кое во наредните денови може да предизвика лизгање на кал и поплави со силни налети на ветер.

-Се предвидува дека ова невреме ќе биде едно од најголемите во историјата на земјата и целта е да се помине без жртви или сериозни повреди – изјави полицискиот претставник од областа Санта Барбара Бил Браун.

Во сила се предупредувањата за евакуација за областите Санта Барбара, Лос Анџелес, Вентура и Монтереј. Во понеделник нема да има настава во училиштата низ Санта Барбара.

Бурата наречена „Ананас експрес“ стигна до северна Калифорнија во саботата.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ураган рано утринава.

Од полуостровот Монтереј до северниот дел на областа Сан Луис Обиспо се очекува брзината на ветерот да достигне 148 километри на час.

Синоптичарите предвидуваат дека бурата ќе се движи долж брегот и ќе ја погоди областа Лос Анџелес со врнежи од дожд, поплави и снег на планинските врвови, а областите Оринџ и Сан Диего ќе ги погоди утре.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена