Утрински Весник
Свет

Калас: Лукашенко нема легитимитет – 24info.mk

20250125204301 Big 730x400 65.webp.webp

Александар Лукашенко, кој се очекува да освои седми последователен мандат на утрешните претседателски избори во Белорусија, нема легитимитет, изјави денеска високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

„Лукашенко ја држи власта 30 години. Утре повторно ќе биде избран во новата шарада од избори. Тоа е навреда за демократијата, напиша Калас на платформата „Икс“


Претседателските избори ќе бидат формалност за Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Големото протестно движење против Лукашенко што се појави по неговиот реизбор во 2020 година беше брутално задушено. Неколку стотици Белоруси беа осудени на долги затворски казни, додека стотици илјади луѓе избегаа од земјата, особено во Полска

Можете да прочитате

Трамп најави мерки против Колумбија

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

ЦИА го објави извештајот за Ковидот: Вирусот излегол од лабораторија?