Во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат во октомври оваа година, јавноста веќе започнува да ги оценува досегашните градоначалници и нивниот учинок.
За таа цел, 24инфо.мк преку мини анкета реши да го провери расположението на читателите.
Спроведената анкета на профилот на 24инфо.мк на социјалната мрежа Инстаграм го измери перцепираниот квалитет на управување на актуелните и поранешните градоначалници во трите скопски општини: Аеродром, Карпош и Центар.
Резултатите покажуваат дека во одредени општини доминираат поранешните градоначалници, додека во други актуелните градоначалници имаат силна поддршка.
Општина Аеродром
Во оваа општина, убедливо водство меѓу читателите на 24инфо.мк има поранешниот градоначалник Ивица Коневски со 43% од гласовите, што укажува на тоа дека неговиот мандат е запаметен како најуспешен меѓу жителите. Втор е актуелниот министер за надворешни работи и трговија по заминувањето од функцијата градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски со 30%, . Дејан Митевски, актуелниот вршител на должноста (ВД), доби 14%, додека поранешниот градоначалник Златко Марин е на последно место со 13%,
Општина Карпош
За разлика од Аеродром, во Карпош актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски освои 66% од гласовите на читателите. Поранешните градоначалници Стефан Богоев и Андреј Петров имаат идентичен резултат од 17%, што укажува на поделен став околу нивните мандати.
Општина Центар
Во оваа општина, резултатите покажуваат тесна битка помеѓу актуелниот и поранешните градоначалници. Андреј Жерновски води со 30% од читателите додека актуелниот градоначалник Горан Герасимовски доби 28%, што укажува на стабилна поддршка за неговата работа. Владимир Тодоровиќ освои 24%, додека Саша Богдановиќ има 17%.
Анкетата покажува дека во Аеродром и Центар граѓаните повеќе ги фаворизираат поранешните градоначалници, додека во Карпош актуелниот градоначалник има доминантна поддршка.
24инфо.мк контактираше со луѓето кои добија најголем број гласови чекаме одговори дали би се кандидирале на следните локални избори
Напомена: Анкетата служи единствено да го утврди расположението на читателската публика на порталот, а примерокот е премногу мал за да се искористи за какво било јавно испитување на рејтингот на кој било градоначалник.