Утрински Весник
Магазин

Како се менува карактерот откако ќе се откажете од пушењето?

Img 4142.jpeg

Покрај тивкото загрозување на здравјето, тврдат научниците, пушењето ја уништува и нашата личност. Можеби веќе не ги ни забележувате промените на расположението. 

Студија спроведена од Универзитетот во Мисури откри дека кај пушачите силно се потенцираат две карактеристики – импулсивност и невротизам. Студијата исто така открила дека оние кои се откажале од пушењето за време на студијата покажале драматично повлекување на овие карактеристики.

Ова ни кажува дека можеме да очекуваме промени во личноста откако ќе се откажеме од пушењето.
Начинот на кој ги импресионирате другите луѓе ќе се промени и ќе станете многу подостапни. Да не спомнуваме дека ќе се чувствувате многу посреќно поради откажувањето од пушењето. Ќе бидете изненадени колку драма ќе исчезне од вашиот живот откако ќе се откажете, а исто така ќе имате многу појасен процес на размислување. – се наведува во истражувањето. 

Студијата следеше луѓе на возраст меѓу 18 и 35 години, делумно затоа што научниците велат дека нашата личност е изградена и „заклучена“ кога ќе наполниме 35 години.
Ова е исто така дел од причината зошто е потешко да се остават цигари подоцна во животот. Работите како жалби, нетрпеливост и лути испади веќе не се само несакани ефекти на цигарите, туку веќе стануваат дел од вас. Многу пушачи имаат вистински проблем со оваа промена на идентитетот, но ако знаете што ја предизвикува, може да ви биде полесно да одлучите да се откажете од пушењето.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста