Утрински Весник
Магазин

Како песничките влијаат на говорниот развој кај бебето?

Baby

Песничките што возрасните им ги пејат на бебињата и тоа како малечките реагираат на ритамот и движењата, има влијание врз говорниот и јазичен развој на детето, според истражување спроведено во Универзитетот на Виена во Австрија.

Музиката игра важна улога во секојдневниот живот на луѓето уште од рана возраст. Поаѓајќи од тоа, научниците си го поставија прашањето – како новороденчињата реагираат на различните ритми на песните што нивните родители им ги пејат и какви последици има перцепцијата и обработката на овие ритми врз развојот на говорот? Во испитувањето, мајките им пееле две познати детски песни на своите седуммесечни бебиња – „приспивна“ и „весела“.

Мозочната активност на бебињата притоа била мерена со електроенцефалографија (ЕЕГ). Биле бележани и ритмичките движења на бебињата (на пр. лулањето и слично).

Кога овие деца навршиле 20 месеци, родителите одговараа на прашања околу речитоста на нивните деца.

Сѐ на сѐ, на бебињата им било полесно да ја следат „приспивната“ песна. Но, бебето покажува повеќе ритмички движења додека ја слуша „веселата“ песничка. Интересно е што само „веселата“ во комбинација со ритмичките движења позитивно влијаат на речникот на децата на 20-месечна возраст, според начниот труд.

Натамошните испитувања, според истражувачите, ќе се насочат кон развојот на повеќе интервентни програми за подобрување на музичката интеракција меѓу родителите и бебињата, како и умствено-јазичниот развој на децата во нивната најрана возраст.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста