Утрински Весник
Македонија

Како опозиција им пречеше, како власт ВМРО-ДПМНЕ првиот предлог закон го достави по скратена постапка

Jkihi.jpg

Христијан Мицкоски до Собранието поднесе Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите од државната управа.

Ова законско решение треба да овозможи измена на бројот и организацијата на министерствата во Владата на Република Македонија.

Но, она што е воочливо е што предлог измените се поднесуваат по скратена постапка.

Токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години постојано го критикуваа инструментот „скратена постапка“ често пати го нарекуваа и шверцерски начин на носење закони, за веќе на втората седница на Собранието, токму ВМРО-ДПМНЕ поднесува предлог Закон по скратена постапка.

Покрај скратената постапка измените на Законот што треба да обезбедат повеќе министерства, бил пуштен, па кратко време повлечен, па повороно доставен во Собранието, што наиде на критики од пратениците на Левица, кои во тоа гледаат прекршување на Деловникот за работа на Собранието, додека за ВМРО-ДПМНЕ, станува збор само за „номотехнички интервенции“.

Законот за организација и работа на органите од државната управа е дел од „системските закони“ и за негово усвојување потребно е мнозинство од две третини од пратениците.

Можете да прочитате

Газда Деко од затворот во Скопје координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“, тврди мајка на загинато момче

МВР казни 101 возач поради затемнети стакла

ИЈЗ: Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите