Утрински Весник
Македонија

„Како е можно дете од седум месеци да го снема за пет дена?“ – Таткото на починато бебе бара одговори од Детската клиника

Detska Klinika.jpg

Седуммесечно бебе почина во недела вечерта на скопската Клиника за детски болести, откако два дена претходно било одбиено за хоспитализација.

Таткото на починатото бебе, Влатко Трпкоски, во изјава за медиумите раскажува за здравствената голгота што ја поминале. „Во понеделникот го однесовме на клиника. Имаше црвенило на лицето и нозете, направија лабораторија и не препратија на Дерматологија и Инфективна клиника, па повторно на Детска, каде што ни рекоа да си одиме дома бидејќи немало потреба од хоспитализација. Дури и не го прегледаа детално,“ изјави тој.


Веќе во средата, здравствената состојба на бебето драстично се влошила, при што повторно било примено на клиниката, но, како што вели таткото, веќе било доцна. Бебето останало хоспитализирано три дена, а неговата крвна слика, според родителите, била катастрофална.

„Зошто не’ вратија дома во понеделникот? Како е можно здраво дете до седум месеци, за пет дена да го нема?“, прашува таткото, додавајќи дека ќе чекаат резултати од обдукцијата пред да одлучат какви чекори ќе преземат.

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, ја потврди информацијата, посочувајќи дека бебето имало „синдром со оштетени повеќе органи“.

Загрижувачки е тоа што во последниот месец ипол на Клиниката за детски болести починаа пет деца, што отвора прашања за квалитетот на здравствената грижа и постапките при третман на пациентите. Лекарите можеби не се семоќни, но зголемувањето на смртноста кај најмалите пациенти е аларм кој не смее да се игнорира.

Можете да прочитате

Рускоска: Груби направи голема грешка, ако останеше тука, немаше да има опасност од притвор

Обвинителството му нареди на МВР да распише потерница по Груби и Бајрами

Кривичен одреди 30-дневен притвор за Артан Груби