Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Како да претчувствувал: Потресна порака на Панчо до синот Андрија на неговиот последен роденден (ФОТО)

Panco151.jpg
Img 7972

Страшна и тешка вест денес ги потресе Македонците, Панчо, втората половина од легендарната група ДНК не ја издржа борбата и за жал го изгубо животот, по седум месеци од страшната трагедија во дискотеката Пулс.

Неговата смрт ги растажи сите колеги, но тагува и цела Македонија, посебно што сите се надеваа дека тој ќе успее да се спаси.


Панчо речиси до последен ден до пред да се случи несреќата беше активен и на социјалните мрежи.

Неговите објави секогаш привлекуваа внимание, а една од последните и денес никого не става рамнодушен.

Станува збор за објавата во која Панчо е со неговиот постар син Андреја, а со која му го честиташе неговиот 14-ти роденден.

„Среќен 14-ти роденден Андреја. Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветувам дека ќе те сакам до крајот на мојот. Те сака, тато!“, пишува во објавата со која Панчо преку Инстаграм му го честиташе 14-от роденден на својот наследник.

Боли и тоа што Андреј и Панчо беа познати и како големи хуманисти, па често донираа за сиромашни семејства и на болни луѓе, така што важеа за најхуманите музичари на македонската естрада.

Во истата трагедија згаснаа животите на 63 млади лица, а преку 200 беа повредени од кои многумина се уште се соочуваат со проблеми.

Можете да прочитате

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него

Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те знаев цел живот“

Пластичните шишиња ќе бидат потемни и пожолтеникави, но тоа не треба да ве плаши: ЕУ ги менува правилата за составот на пакувањето