Утрински Весник
Магазин

Како да патувате без мачнина: Природни трикови за полесно патување!

Mucnina.jpeg

Многумина од нас не се справуваат многу добро со патувањето, без оглед на превозното средство што ќе го изберат. Гадење, вртоглавица и повраќање се само дел од проблемите со кои се соочуваме кога одиме на патување. Ако планирате патување, запомнете некои од овие природни трикови кои можат да ви помогнат полесно да ги поднесете.

 Пред поаѓање

Пред поаѓање, не јадете тешка храна и не читајте додека патувате. Доколку патувате со авион, при купувањето билети изберете, по можност, места на средината на авионот, а доколку се работи за брод, потребни ви се кабини кои се наоѓаат длабоко и на средината на бродот. Избегнувајте силни парфеми и обезбедете извор на свеж воздух.

 Ѓумбир

Ако чувствувате мачнина и вртоглавица, обидете се да се ослободите со ѓумбир. Испијте две капсули ѓумбир со вода бидејќи оваа билка ја впива стомачната киселина и го спречува чувството на мачнина. Ќе ви помогне и ако земате сок од ѓумбир или чај.

 Маслинки и лимон

Маслинките и лимоните можат да бидат корисни. Јадете неколку маслинки пред вашето патување. Тие содржат танин и природно ја намалуваат зголемената плунка. Ако маслинките не помагаат, земете лимон.

Исечете го на парчиња и ставете ги во пластична кеса. Повремено грицкајте и цицајте парчиња лимон за да ги ублажите симптомите на гадење. Покрај тоа, грицкањето суви крекери исто така може да помогне.

 Моќта на нането

Бонбоните со ментол исто така можат да помогнат при гадење за време на патувањето.

 Вистинско време

Изберете го вистинското време за патување. Најзгодно е ноќе, а ако треба да патувате дење, седнете на предното седиште и фокусирајте го погледот пред вас. Обидете се да бидете мирни. На некои луѓе им е подобро да возат отколку да седат како патници.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста