Утрински Весник
Економија

Каевски: Во време на светска криза, нашата економија е атрактивна за нови странски инвестиции

Каевски: Во време на светска криза, нашата економија е атрактивна за нови странски инвестиции

Компаниите производители на основни производи како брашно, леб и пекарски производи, масло за јадење, млеко и млечни производи ќе се снабдуваат со поевтина електрична енергија, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

За овие компании, како што кажа Каевски, цената на електричната енергија ќе биде 80 евра за мегават час, што е за повеќе од двојно поевтино отколку актуелната цена. Ова, треба да резултира со намалување од најмалку 10 отсто на крајната цена за потрошувачите на овие производи.

„Во време на светска економска криза, особено е важно намалувањето на невработеноста и отворањето на нови добро платени работни места. Само во последниов месец, се отворија неколку нови фабрики, нови инвестиции од областа на енергетиката и автомобилската индустрија. Американската компанија од автомобилската индустрија Кемет Електроникс, отвори нова, втора фабрика и сето тоа заради поддршката и условите кои ги добива во нашата држава. На долг рок тоа ќе значат вкупно 1.000 вработувања, со високи нето плати за вработените.

Новата инвестиција на канадската компанија Магна исто така носи околу 1.000 работни места до 2024 година, а странската инвестиција на двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив е во висина од 30 милиони евра“, рече Каевски.

Тој оцени дека и во време на светска економска и енергетска криза, нашата економија е препознаена како конкурентна и атрактивна за нови странски директни инвестиции.

„СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, продолжува со креирање мерки и политики за полесно надминување на негативните последици и враќање на економскиот раст на ниво од пред кризата“, додаде Каевски.

Можете да прочитате

Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година 

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година