Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу. Ваков однос кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател на државата. Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини, порача Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција и додаде: -Гледаме дека ДПМНЕ не може да донесе никаква промена. Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ. На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Младите немаат уште една деценија да изгубат во изолација, враќање назад, да чекаат заглавени во подрумите на минатото. Граѓаните и пензионерите знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа, ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација, враќање назад, откажување и наведнување глава. Нема откажување од иднината. На претстојните избори граѓаните ќе кажат ДА за европска иднина и надеж која обезбедува поголеми плати и пензии и достоинствен живот.