Утрински Весник
Спорт

Кадиз бара привремен прекин на Ла лига поради ВАР-скандалот на мечот со Елче

Кадиз бара привремен прекин на Ла лига поради ВАР-скандалот на мечот со Елче

ВАР беше систем кој беше воведен да ги намали контроверзните одлуки на теренот, но и оваа сезона има голем број на контроверзи, првично во Премиерлигата, а сега и во Ла лига, каде што Кадиз бара привремен прекин на шампионатот додека не се „разјасни“ контроверниот меч со Кадиз.

dobivaj vesti na viber

Кадиз имаше 1:0 водство против Елче, кога противникот постигна израмнувачки гол во 81. минута преку Аргентинецот Езекиел Понсе. ВАР го призна голот, иако снимките покажуваа дека тој е во офсајд позиција.

Кадиз првично бараа преигрувае на мечот од моментот кога беше признаен голот, но Ла лига не одговори на ова барање, и сега на официјалниот веб-сајт бараат привремен прекин на лигата додека не се разјасни ситуацијата.

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација