Утрински Весник
Свет

Кадиров сака да формира приватна платеничка група: Сериозно планирам да се натпреварувам со Пригожин

Кадиров сака да формира приватна платеничка група: Сериозно планирам да се натпреварувам со Пригожин

Рамзан Кадиров, лидерот на руската република Чеченија, изјави дека еден ден има намера да формира своја приватна армија слична на платеничката група Вагнер на Евгениј Пригожин. Поради подемот на Вагнер и други платенички групи кои дејствуваат надвор од традиционалните руски воени командни структури, дипломатите се загрижени поради можноста истите овие групи еден ден да ја загрозат стабилноста на Русија.

dobivaj vesti na viber

Во објава на Телеграм, Кадиров напиша дека „импресивни резултати“ постигнала групата Вагнер, која води војна против Украина заедно со руските војници и додаде дека се неопходни приватни воени компании.

„Кога ќе ја завршам државната служба, сериозно планирам да се натпреварувам со мојот драг брат Евгениј Пригожин и да основам своја воена компанија. Мислам дека ќе успеам“, рече Кадиров, кој е на чело на Чеченската Република од 2007 година.

И Кадиров и Пригожин се лидери во Украина кои во голема мера се независни од руската висока команда. Тие се верни сојузници на претседателот Владимир Путин, но не се двоумеле да го критикуваат руското воено раководство.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа