Утрински Весник
Свет

Кадиров најавува изненадување за украинските сили

Кадиров најавува изненадување за украинските сили

Борците на тимот „Ахмат“ подготвуваат „интересно изненадување“ за украинските сили, напиша денеска на својот Телеграм канал лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека „сè уште нема да открие што подготвува тимот за денацификација на Украина на чело со султанот Рашаев за украинските милиции, бидејќи тоа ќе се знае наскоро“, пишува Тас с.

Кадиров посочува дека сите акции на борците се прецизно планирани и истакна дека специјалната воена операција успешно се одвива во областа на одговорност на чеченските сили, благодарение на нивниот хероизам, како и рационализираната соработка со заедничките сили.

Украинската армија продолжува да го гранатира Керсон. Харков и денеска без струја и вода. Кремљ не гледа предуслови за можни преговори меѓу претседателите на Русија и Украина.

Украинската армија подготвува голема офанзива во областа на нуклеарната централа Запорожје, изјави за телевизијата „Русија 1“ Владимир Рогов, член на Главниот административен совет на регионот Запорожје,пренесе Политика.рс.

Можете да прочитате

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе, илјадници се раселени

Велика Британија од утре ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба

Мал авион се урна во тераса од зграда во Германија, загина пилотот и уште едно лице