Утрински Весник
Свет
Img 7972

Кац го критикуваше потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања

Picture 862 660x500 1.jpg
300x250 opst2

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац денеска го критикуваше потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања Мартин Грифитс поради неговата изјава дека Хамас не е терористичка група. „За нас, се разбира, како што знаете, тоа е политичко движење“, рече Грифитс во интервју за „Скај њуз“, на прашањето дали е реално инсистирањето на Израел, Хамас никогаш да не биде дел од идната палестинска влада. Како реакција, израелскиот министер во објава на платформата „Икс“ на англиски напиша дека ќе го елиминира Хамас „со или без нив“ и дека еврејската крв не е евтина. „Срам да му е. Обединетите нации секојдневно достигнуваат ново дно“, објави Кац.

Можете да прочитате

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги