Утрински Весник
Македонија

Кај синот пронајдена марихуана, кај таткото пиштол без документација – уапсени двајца тетовци

Apsenje 1.jpg

Лишени од слобода се двајца тетовци кај кои биле пронајдени марихуана и пиштол.

Како што информираат од МВР, вчера (21.10.2025) во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.В.(23) од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.


Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко Б.В.(46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без документација.

И Б.В. е лишен од слобода и по документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Можете да прочитате

За семејно насилство приведени шест лица

Грозоморно убиство во Зрновци, пронајдено безживотно женско тело

Пожар во куќа во Прилеп, повреден еден пожарникар