Утрински Весник
Магазин

Каја Гербер на новогодишен викенд во Мексико

Каја Гербер на новогодишен викенд во Мексико

Момчето на манекенката Каја Гербер, Остин Батлер, ја презеде улогата на фотограф во текот на кусиот одмор во Кабо Сан Лукас, Мексико.

dobivaj vesti na viber

Остин ја фотографира својата девојка додека ужива во базен на Нова година, коментираат таблоидите.

„21-годишната манекенка направи бура во својот секси костим за капење. Во паузите од нивната фотосесија, Каја и Остин (31) беа олицетворение на вљубен пар покрај базен,“ пишува „Дејли мејл“.

Остин ја презеде улогата на фотограф спуштајќи се ниско до подот за да ја долови својата девојка во најдобро светло.

Убавата Каја изгледа прекрасно додека го впива сонцето.

Каја Гербер, ќерка на познатиот супермодел Синди Крафорд, тргна по стапките на својата мајка кога имаше само 10 години. Неодамна се појави на модна ревија во Лос Анџелес и го привлече вниманието со својата убавина, но и со фактот дека многу личи на мајка си.

Можете да прочитате

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија