Утрински Весник
Магазин

Kоронавирусoт го избриша: „Кју“ го објавува своето последно издание

Kоронавирусoт го избриша: „Кју“ го објавува своето последно издание
300x250 (7)

Последното издание на магазинот „Кју“ означува крај на една ера во музичката индустрија, коментираше „Скај њуз“ деновиве кога списанието требаше да го објави својот последен број и да згасне.

Основан во 1986 година од писателите на британскиот поп-магазин „Смеш хитс“, Марк Елен и Дејвид Хепворт, магазинот „Кју“ се појави во исто време со налетот на Цеде-револуцијата. Неговиот сјајен, аспиративен формат беше во совршен склад со времето.

„Кју“ се затвора – и со тоа уништувањето на старото музичко новинарство е комплетирано, пишува „Ајриш тајмс“ и додава дека списанието што некогаш беше камен-темелник на британското рок-новинарство, стана жртва на сопствениот успех.

„Кју“ беше многу успешен во текот на 1980-тите и 1990-тите. Неговите корици од последната деценија нудат интригантен коректив на носталгично-верната верзија на Бритпоп ерата, пишува „Ајриш тајмс“ и додава „Кју ги претстави Blur и Oasis заедно со уметниците кои продадоа огромни количини, но потоа беа тргнати од музичкиот мејнстрим: Texas, Corrs, Shania Twain, Simply Red.“

Тиражот на списанието падна на 28.000 месечно од врвот од 200.000 во 2001 година.

Уредникот Тед Кеслер неодмна објави на Твитер дека Ковид-19 ги избришал шансите за опстанок на списанието, бидејќи ги затвора вратите по 34 години постоење. Тој тогаш соопшти дека последното издание треба да излезе на 28 јули.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината