Утрински Весник
Магазин

Kарли Клос елегантна и шик на прошетка на песок

Kарли Клос елегантна и шик на прошетка на песок

Манекенката Карли Клос изгледа елегантно целата во бело додека бега од високите температури на плажа во Санта Моника.

Таа и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер пред една недела беа на одмор со своите пријатели Кети Пери и нејзиниот свршеник Орландо Блум. Карли не можеше да остане подалеку од океанот и овој викенд, кога се врати на прошетка на песок.

28-годишната манекенка, се издвојува од толпата со отмена бела облека што ја штити од сонцето. На себе има бела ленена кошула врзана под струкот  со засукани ракави и истобојно здолниште што го допира песокот.

Ѕвездата од модните писти, висока 1.87, својот стилски изглед го дополни со федора шешир со црна лента и црни очила за сонце.

На неа ѝ се придружија две пријателки, кои беа облечени далеку поедностано за прошетка на плажа.

Во 2018 година Крос беше втора на листата на топ десетте најплатени манекеки во светот со заработка од 13 милиони долари, според магазинот „Форбс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста