Утрински Весник
Магазин

Joshua Tree на „Ју ту“ изгласан за најдобар албум на 80-тите

Joshua Tree на „Ју ту“ изгласан за најдобар албум на 80-тите

Тhe Joshua Tree („Дрвото Џошуа“) на ирскиот рок-бенд „Ју Ту“е изгласан за најдобар албум на 80-тите години на минатиот век.

Објавен во 1987 година, овој албум го направи U2 еден од најголемите светски бендови, благодарение на химнитe како With Or Without You и Where The Streets Have No Name.

Слушателите на „Звуци на 80-тите“, програма на Би-би-си радио 2, го избраа за најдобар аудио запис на деценијата, во анкетата по повод Националниот ден на албумите во сабота.

На второ место е Brothers in Arms на британските рокери „Дајер Стрејтс“, а потоа следува истоимениот првенец на The Stone Rouses.

Сите, освен едeн од првите 20, се на мажи уметници, со исклучок на Hounds of Love на Кејт Буш кој e на 11-тото место.

Албумите на Мадона, Џенет Џексон, Трејси Чепмен и Грејс Џонс се наоѓаат подолу на листата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027