Во Сули Ан, со почеток во 20.30 частот, ќе биде одржан јубилејниот концерт на Пламенка Трајковска, насловен како Ladies and Gentlemen. Нашата еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија, како и на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“, ќе се претстави со дел од својот богат музички репертоар, а ќе настапат и нејзините долгогодишни соработници – колегите од гудачкиот квинтет и од Trio Gentlemen.
На репертоарот се композиции од опусот со наслов ,,Светулки“ за соло виолина во поп романтичен стил, теми од албумот ,,Апасионато“ од Пламенка Трајковска и македонски кросовер од најавениот албум ,,Корени“.
Концертот е поддржан од Министерството за култура, како и Филхармонијата на Република Северна Македонија, а се одржува во рамките на годинешново „Скопско Лето“.