Утрински Весник
Свет

Извршителите на тестаментот на Џефри Епстин се согласија на исплата од 35 милиони долари за решавање на колективната тужба

Epstein1 ap 25353818907658 nat 1219.jpg

Извршителите на тестаментот на осудениот финансиер Џефри Епстин се согласија од неговиот имот да се исплатат до 35 милиони долари за решавање на колективната тужба во која негови двајца блиски соработници се обвинети за помагање во трговијата со млади жени и малолетнички.

Спогодбата ја објави адвокатската фирма „Боис Шилер Флекснер“ (Boies Schiller Flexner), која ги застапува жртвите на Епстин, во документ поднесен до сојузниот суд во Менхетен. Доколку судот го одобри договорот, со тоа ќе заврши тужбата поднесена во 2024 година против долгогодишниот личен адвокат на Епстин, Дарен Индике (и сметководителот Ричард Кан, кои воедно се и извршители на неговиот тестамент.

Претходно веќе беше воспостави фонд за отштета од кој на жртвите од тестаментот им беа исплатени вкупно 121 милион долари, со дополнителни 49 милиони долари преку поединечни спогодби.

Адвокатот на Индике и Кан, Даниел Х. Вајнер нагласи дека неговите клиенти не признале никаква вина во рамките на постигнатиот договор.

„Бидејќи не направија ништо погрешно, извршителите беа подготвени да се бранат на судење, но се согласија на медијација и спогодба за конечно да се решат сите потенцијални барања против имотот на Епстин“, наведе Вајнер во писмена изјава.

Тој додаде дека договорот ќе овозможи „доверлив начин за финансиска компензација“ на жртвите кои претходно не ги решиле своите барања.

Можете да прочитате

Тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија

Унгарија ќе го блокира пакетот заем од 90 милијарди евра за Украина

Мерц повторно избран за лидер на ЦДУ