Утрински Весник
Свет

Извршена обдукција на телото на хрватскиот фудбалер: утврдена причината за смртта на Јаков Јелкиќ, истрагата продолжува

247756 Shpanskata Policija Go Pronajde Bezzhivotnoto Telo Na Hrvatskiot Fudbaler Koj Ischezna Vo 2x.jpg

Во шпанскиот град Аликанте беше извршена обдукција на телото на Јаков Јелкиќ (24), хрватски фудбалер чие тело беше пронајдено во морето откако исчезна ноќта меѓу петокот и саботата.

На телото не се пронајдени траги на насилство, па полицијата претпоставува дека тој починал поради ноќен пад во студеното море под дејство на алкохол, објави Јутарњи лист.


„Претпоставуваме дека се работи за несреќен случај“, изјавил по телефон за Хина портпаролот на полицијата од Аликанте. Полицијата претходно одржа прес-конференција во овој крајбрежен град во југоисточна Шпанија.

За време на обдукцијата, во неговите бели дробови била пронајдена морска вода, па истражителите заклучиле дека Јелкиќ починал од давење.

„На телото немаше траги на насилство, а со оглед на неговата шема на одење снимена на камерите, заклучивме дека паднал во морето. Морето е студено во овој период од годината, а тој беше сам“, рече портпаролот и продолжи:

„Истрагата ќе ја продолжиме бидејќи обдукцијата на телото е само еден дел од неа. Сите наоди ќе бидат анализирани, но од се досега познато се чини дека станува збор за несреќен случај.

Јелкиќ, хрватски фудбалер на швајцарски второлигаш, минатата недела со соиграчите беше на Алијанте, каде што претходно одиграа натпревар.

Играчите во петокот вечерта биле во ноќен клуб, а потоа се упатиле кон хотелот. Јелкиќ се вратил во клубот да си ја земе јакната, а надзорните камери го снимиле како заминува сам околу 02:30 часот. Неговите соиграчи изутрината не го нашле во хотелската соба, па го пријавиле за исчезнат.

Неговата сестра Јања со емотивна порака се прости од својот брат.

„Брат, единствено мое, мое око, мој ангел. Пробав се, но не можев! Те сакам засекогаш! Добро момче, почивај во мир божји“, напиша таа.

Можете да прочитате

Стотици мексикански војници распоредени долж границата со САД како дел од договорот за привремено суспендирање на американските царини

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина