
Израел нема намера конкретно да им наштети на жителите на Техеран, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, ублажувајќи ги своите претходни изјави во понеделник.
„Сакам да разјаснам: нема намера физички да им се наштети на жителите на Техеран како што убиствениот диктатор им прави на жителите на Израел“, рече Кац во соопштението.
„Жителите на Техеран ќе мора да ја платат цената на диктатурата и да ги евакуираат своите домови во областите каде што ќе биде потребно да се нападнат цели на режимот и безбедносната инфраструктура во Техеран“, додаде тој.
Порано во понеделникот, Кац ги предупреди жителите на Техеран дека „наскоро ќе ја платат цената“ по ракетните напади на Иран пред зори врз Тел Авив и Хаифа.
Најновите смртни случаи во Израел, пријавени од израелските национални служби за вонредни состојби, го зголемија бројот на жртви на 23 од петокот. Најмалку 224 лица се убиени во израелските напади во Иран од петокот, соопшти иранското Министерство за здравство.
Најмалку уште 100 лица беа ранети во Израел синоќа во бран напади од страна на Техеран како одмазда за израелските напади врз нуклеарните и балистичките ракетни програми на Иран.
Во тек се операции за пребарување и спасување во израелскиот пристанишен град Хаифа, каде што се ранети околу 30 лица, соопштија службите за итни случаи.