Утрински Весник
Свет

Израелски медиуми: Воениот кабинет на Нетанјаху го одобри проширувањето на офанзивата во Газа

20250504082919 big 730x400 84.webp.webp

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот воен кабинет го одобрија проширувањето на офанзивата во Газа, наведува израелската телевизија Кан, доведувајќи го во прашање укинувањето на двомесечната блокада на опколената палестинска територија.

Претходно, во видео на Телеграм, Нетанјаху вети дека Израел ќе извојува „целосна победа“ во Газа, додавајќи дека Израел „решително“ ќе ја заврши својата воена операција.


„Тајмс оф Израел“, исто така, објави дека кабинетот одобрил планови за проширена копнена инвазија, но дека таа нема да започне пред претстојните патувања на Трамп во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, од 13 до 16 мај.

Медиумот објавува дека израелскиот воен кабинет, исто така, одобрил планови според кои Израел, покрај проширувањето на својата копнена инвазија, ќе се обиде да го промени начинот на кој се доставува помошта во Газа.

Цитирајќи неименуван израелски функционер, „Тајмс оф Израел“ тврди дека планот би вклучувал „меѓународни организации и приватни компании за обезбедување кои би дистрибуирале кутии со храна на семејствата во Газа“.

Израелските војници би обезбедиле „надворешен периметар на безбедност за приватните обезбедувачи и меѓународните организации за делење на помошта“, наведува „Тајмс оф Израел“.

Претходно, координативната група на ОН и други хуманитарни организации издадоа соопштение во кое го отфрлаат „опасниот“ израелски план што им беше презентиран, а кој предлага „туркање на цивилите во милитаризираните зони за да добиваат оброци.

Можете да прочитате

Неподносливото самоугодување на Европа: Овие пет луксузи Европејците повеќе нема да можат да си ги дозволат

Првиот човек на белгиската Армија бара прогласување на „кризна состојба“

Најмалку три жртви во експлозија во Москва