Утрински Весник
Свет

Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа

Izrael.webp.webp

Истрагата на израелската армија заклучи дека присуството на израелски војници во областа веројатно довело до убиство на шест заложници кои ги држел Хамас во Појасот Газа.

Телата на овие луѓе, заробени во нападот што го изврши палестинското исламистичко движење против Израел на 7 октомври минатата година, беа пронајдени во подземен бунар на крајот на август.


Тогаш израелската армија соопшти дека заложниците биле убиени пред војниците да стигнат до нив. Премиерот Бенјамин Нетанјаху прецизираше дека заробениците биле егзекутирани со куршум во главата.

Сепак, претставник на Хамас изјави дека некои од тие луѓе се на списокот за ослободување во случај да се постигне договор.

Подоцнежната истрага на израелската армија заклучи дека „копнената акција на армијата, иако постепена и претпазлива, имаше индиректно влијание врз одлуката на терористите да ги убијат шесте заложници“.

По објавувањето на заклучоците, здружението на семејствата на луѓето кои остануваат заробени во Газа повторно повика да се постигне договор за нивно ослободување.

Во меѓувреме, канцеларијата на Нетанјаху, цитирана од ДПА, соопшти дека израелската влада го повикала тимот кој интензивно преговараше во Доха една недела за да склучи договор, но не даде детали.

Неодамнешните извештаи за напредок во индиректните разговори меѓу Израел и Хамас во катарската престолнина поттикнаа надежи дека наскоро може да се постигне пробив, забележува ДПА.

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес