Утрински Весник
Свет

Израелската армија издаде нови предупредувања за евакуација на Кан Јунис во Појасот Газа

Idf Lofo X.jpg

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и дополнително ги прилагодија границите на хуманитарната зона одредена од Израел, исклучувајќи ја населбата Ал Џала поради истрелувањето ракети од таа населба кон Израел.

ИДФ соопшти дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал Џала поради големиот број напади од тој кварт врз Израел и дека стана опасно за палестинските цивили да останат во таа област, пишува Тајмс оф Израел.

Израелската војска соопшти дека ја прилагодува хуманитарната зона врз основа на „прецизни разузнавачки информации што укажуваат дека Хамас инсталирал терористичка инфраструктура во таа област“

Можете да прочитате

Трамп: Постои добра шанса за договор со Иран

Литванија го повика НАТО да ја нападне руската енклава Калининград

Пукање во џамија во Сан Диего: Петмина мртви, осомничените извршиле самоубиство