Утрински Весник
Свет

Израел тврди дека погодил објекти на воздушната одбрана и ракетни складишта во Техеран

20260404103401 big 730x400 27.webp.webp

Израелските воздухопловни сили погодиле објекти на воздушната одбрана и ракетни складишта во Техеран, соопшти денеска израелската војска.

Во соопштението се вели дека неколку објекти за воздушна одбрана биле меѓу целите вчера, вклучувајќи еден што му припаѓал на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, каде што биле складирани противвоздушни ракети, објави „Тајмс оф Израел“.


Израелската војска тврди дека погодила и воен објект одговорен за заштита на локациите за истражување и развој на оружје, како и складиште за балистички ракети и објект за производство, истражување и развој на оружје.

Можете да прочитате

Сè уште се трага по вториот американски пилот

Шефот на германската дипломатија бара укинување на ветото во ЕУ

Секој шести Германец откажува или одложува патување поради војната и кризата во светот