Утрински Весник
Свет

Израел сака да ја предаде Газа на „локалните“ кадри по војната

Netan ahu.webp.webp

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави документ во кој е наведена неговата визија за принципите на идното управување со Појасот Газа. Во документот се нагласува за „локални кадри“ кои не се поврзани со исламистичкото движење Хамас, кое го нападна Израел на 7 октомври и ја предизвика војната на 7 октомври.

„Израел ќе ја задржи оперативната слобода на дејствување во целиот Појас Газа, без временско ограничување, со цел да се спречи обновувањето на тероризмот и да се спречат заканите од Газа“, пишува на почетокот на документот.

За првпат, таа визија беше дискутирана на ниво на безбедносен кабинет во време кога расте притисокот врз Нетанјаху и да ја предаде Газа на палестинските власти и да се откаже од операцијата во јужниот град Рафа, каде што повеќе од 1,3 милиони луѓе се засолниле. 

Можете да прочитате

Повеќе од 400 луѓе загинаа во израелските напади врз Иран

Интернет конекциите во Иран би биле обновени во 20 часот по локално време, пренесуваат медиумите

Бомбаш самоубиец уби 10 лица во нигериски ресторан