Утрински Весник
Свет

Израел ослободи двајца заложници кои ги држеше Хамас

 Израелските сили во градот Рафах ослободија двајца заложници, шеесетгодиншниот Фернандо Симон Марман и седумдесет годишниот Луис Хар кои се во добра здравствена состојба. На 7 октомври минатата година двајцата повозрасни мажи беа киднапирани од кибуцот Нир Јицак од Хамас и беа во заложништво речиси пет месеци. Израелската војска во тешки воздушни напади кои обезбедија покритие за операцијата за спасување на заложниците убила најмалку 67 Палестинци, според здравствените власти на опколената територија. Израел информира дека офанзивата во појасот Газа нема да прекине додека сите заложници не бидат ослободени. Изминатите 24 часа 164 луѓе ги загубиле животите во израелските воздушни напади во Газа со што вкупниот број на загинати во појасот надмина 28.000 лица, извести министерството за здравство управувано од Хамас, најмалку 67.500 се повредени. Околу 1,5 милиони луѓе се засолнети во Рафах, откако беа раселени од израелските операции на друго место.

Можете да прочитате

„Сака да биде холивудски каубој“: Се огласи Кремљ откако Бајден го нарече Путин „луд кучкин син“

Тренер по таеквондо во Австралија уби момче кое го тренирал и неговите родители

Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови