Утрински Весник
Свет

Израел одобри изградба на стотици дополнителни куќи во три населби на Западниот Брег

West bank.webp.webp

Израел даде зелено светло за изградба на уште 764 куќи во три еврејски населби на окупираниот Западен Брег, одлука која веројатно дополнително ќе ги поттикне тензиите на палестинската територија, пренесе Бета.

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, изјави дека Вишиот совет за планирање, тело задолжено за плановите за изградба на населбите на Западниот Брег, одобрил 478, 230 и 56 станбени единици во населбите Хашмонаим, Бејтар Илит и Гиват Зеев.

Смотрич, кој се залага за политика на населување и самиот е доселеник, ја нарече одлуката на советот дел од „јасен стратешки потег за зајакнување на населбите и обезбедување континуитет на животот, безбедноста и растот“.

Со денешната одлука, вкупниот број на станбени единици одобрени на Западниот Брег, откако Смотрич ја презеде функцијата, изнесува 51.370.

Поголемиот дел од меѓународната заедница смета дека населбите се незаконски според меѓународното право, а Советот за безбедност на ОН усвои бројни резолуции против нивното ширење.

Набил Абу Рудејне, портпарол на палестинскиот претседател Махмуд Абас, го осуди овој потег, велејќи дека одобрувањето е дел од политиката на населување која има за цел да го вовлече регионот во нов циклус на насилство и војна.

Тој побара американската администрација да изврши притисок врз Израел за да го запре ширењето на населбите „со цел да се обезбеди успех на напорите на претседателот Доналд Трамп да се запре војната и да се постигне стабилност во регионот“.

Можете да прочитате

Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“

Демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика во Берлин

Силен земјотрес ја погоди Јапонија