Утрински Весник
Свет

Израел ѝ нуди на Украина ракети и оружје запленети од Хезболах

Raketi Hezbolah.jpg

Украинската амбасада во Израел објави дека се водат разговори за пренос на заробеното оружје на Хезболах на украинските сили, со што Израел значително ќе ги поддржи украинските воени напори за прв пат од почетокот на руската агресија.

Израел предложи да се пренесе оружјето од руско производство, запленето од израелската војска во Либан на украинските сили. Оваа иницијатива ја објави Украинската амбасада во Израел на својата официјална Фејсбук страница.


Според соопштението, украинскиот амбасадор во Израел Јевхен Корнијчук во вторник, 21 јануари, се сретнал со израелскиот заменик министер за надворешни работи Шарен Хаскел. За време на средбата, амбасадорот му се заблагодари на Израел за неговата понуда да испорача запленето оружје од руско производство на украинската страна.

„Оваа иницијатива би била важен чекор во препознавањето на заедничките закани со кои се соочуваат двете земји. Украинската страна изрази надеж за позитивно решавање на ова прашање“, пишува во соопштението на Украинската амбасада во Израел.

Оваа иницијатива укажува на значително зближување меѓу Израел и Украина, имајќи предвид дека од почетокот на руската агресија врз Украина, официјален Тел Авив има ограничено влијание и дипломатски став на поддршка без испраќање класична воена помош.

Можете да прочитате

Нема да има алкохол на Светското првенство во фудбал во Саудиска Арабија

САД во Европа префрлиле нуклеарни бомбардери B-52H

ИСВ: Кремљ подготвува тајни акции во Балтичкото Море и земјите во Европа