Утрински Весник
Свет

Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа, уверува Нетанјаху

Netanjahu.webp.webp
Dik 300x250 mk

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за американската телевизиска мрежа Фокс њуз изјави дека Израел планира да ја преземе контролата врз Појасот Газа, но не трајно.

„Не сакаме да ја задржиме (Газа за себе). Сакаме да имаме безбедносен периметар, но не сакаме да ја управуваме. Сакаме да ја предадеме на арапските сили“, објасни израелскиот премиер.


Интервјуто е дадено во пресрет на претстојниот состанок на Израелскиот совет за безбедност, кој ќе се состане вечерва за да разговара за потенцијалните планови за окупација на Појасот Газа.

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Ејал Замир, истакна дека војската не се согласува со окупацијата на територијата и вети дека ќе ја брани оваа позиција на состанокот.

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз