Утрински Весник
Свет

Израел им порача на САД: Имаме намера да ја прошириме копнената операција во Рафа

Gaza.png

Израел има намера да ја прошири воената операција во Рафа, изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант на советникот на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди на поголема акција во градот на југот на Појасот Газа, што може да доведе до масовни цивилни жртви.

Израел го опишува Рафа, град на границата на крајбрежната енклава со египетскиот Синај, како последно засолниште на исламистичкото движење Хамас, чиишто управување и борбени способности се обидува да ги оневозможи за време на повеќе од седуммесечната војна.

По неколку недели јавно несогласување со Вашингтон во врска со планирањето на нападот на Рафа, на 6 мај, Израел им нареди на палестинските цивили да евакуираат делови од градот и израелските војници и тенкови ја започнаа операцијата. „Ние сме посветени на проширување на копнената операција во Рафа за да го завршиме отстранувањето на Хамас и враќањето на заложниците“, му рекол Галант на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, се вели во соопштението од неговата канцеларија.

Израел верува дека Хамас држи десетици заложници во Рафа откако го нападна јужен Израел на 7 октомври. Западните сили и Египет изразија загриженост за судбината на стотици илјади раселени Палестинци кои се засолниле таму и покрај израелските гаранции за нивната безбедност.

Во соопштението за печатот од канцеларијата на Галант се истакнува дека тој „на советникот Саливан му ги претставил мерките спроведени од Израел за евакуација на населението од областа Рафа и обезбедување соодветен хуманитарен одговор“.

Можете да прочитате

Руските безбедносни сили ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

САД уништија седум радари на територијата контролирана од Хутите