Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

20251006071917 big 730x400 94.webp.webp
Img 7972

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и исламистичката група Хамас денеска треба да се сретнат во Египет за да разговараат за мировниот план што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што пренесе ДПА, двете страни ќе се обидат да постигнат договор заснован на планот од 20 точки што Трамп го објави пред една недела.


Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека првичниот фокус на разговорите, кои ќе се водат преку посредници, ќе биде постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници кои ги држат милитантите во Газа во замена за палестински затвореници во Израел.

Хамас соопшти дека делегација предводена од нивниот искусен преговарач Халил ал-Хаја ќе патува на средбата во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, додека израелската делегација ќе ја предводи министерот за стратешки прашања Рон Дермер.

Од американска страна ќе учествува специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џеред Кушнер.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека Израел и САД се решени индиректните преговори со Хамас да траат само неколку дена.

Египет, Катар и САД посредуваат во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Хамас во петокот соопшти дека прифаќа делови од планот на Трамп, по што Трамп го повика Израел веднаш да ги прекине бомбардирањата врз Појасот Газа.

Сепак, неколку клучни прашања во сеопфатниот мировен план на Трамп остануваат нерешени, меѓу кои и разоружувањето на Хамас, што групата досега го одбива, како и повлекувањето на израелските трупи.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј

Трамп ја испраќа Национална гарда на Калифорнија во Орегон и покрај противењето од двете држави