Утрински Весник
Свет

Израел го погоди аеродромот во Сана, уништи авион

Image 2025 05 28 121805977.png

Израелските воздухопловни сили денеска го нападнаа аеродромот во Сана, Јемен, уништувајќи го последниот цивилен комерцијален авион што сообраќаше од областите контролирани од Хутите, соопштија хути и израелски официјални лица.

Директорот на аеродромот, Калед ал-Шаиф, напиша на X дека Израел „го таргетирал последниот авион на Yemenia Airways што оперираше на меѓународниот аеродром во Сана и целосно го уништил“. Тој објави фотографија од уништениот авион со возила за итна помош до него.


Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, исто така изјави дека воздухопловните сили го погодиле аеродромот во Сана и го уништиле последниот авион што сè уште бил во употреба од страна на Хутите.

Тоа беше вториот израелски напад на аеродромот во Сана овој месец, при што неколку други авиони беа уништени во претходниот напад, според бунтовничката група поддржана од Иран.

Авионот уништен во денешниот напад извршуваше еден дневен повратен лет до Аман. Оваа недела двапати дневно превезуваше јеменски аџии до саудискиот крајбрежен град Џеда пред годишниот муслимански аџилак, закажан за следниот месец.

Претходно оваа недела, превезе околу 300 патници во Саудиска Арабија.

Израелската војска соопшти дека го погодила аеродромот во Сана и авион, кои биле користени „за терористички цели“.

– Работиме според едноставно правило: Кој нас ни наштети, ние нему му наштетуваме, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Хутите се само симптом. Главната движечка сила зад нив е Иран, кој е одговорен за агресијата што доаѓа од Јемен“, додаде тој.

Во последните денови, Хутите, сојузници на Иран, кои ја контролираат Сана и огромни области во северен Јемен од 2014 година, повторно лансираа ракети кон неколку цели во Израел.

Од почетокот на конфликтот во Газа во октомври 2023 година, Хутите ги таргетираа Израел и трговските бродови во Црвеното Море, наведувајќи дека овие акции се во знак на солидарност со Газа.

Откако израелската војска ги продолжи нападите во Појасот Газа на 18 март по колапсот на прекинот на огнот, Хутите ги обновија своите напади врз Израел.

Можете да прочитате

Во гумени бомбони најдена марихуана – „Харибо“ ги повлече пакувањата

Двајца украински шпиони во Русија осудени на 19 и 25 години затвор

Кина се спротивстави на планот на САД за укинување на студентските визи