Утрински Весник
Свет

Израел ги повлече амбасадорите од Ирска и Норвешка на консултација

1707124428 Unnamed File.webp.webp

Министерството за надворешни работи на Израел денеска објави отповикување „на консултација“ на своите амбасадори во Ирска и Норвешка по одлуката на тие земји да ја признаат државата Палестина.

„Испраќам јасна порака до Ирска и Норвешка: Израел нема да отстапи од оние кои го поткопуваат нејзиниот суверенитет и ја загрозуваат неговата безбедност“, изјави министерот за надворешни работи Израел Кац.

„Нема да го надминеме тивко – ќе има други сериозни последици“, додаде тој. Се очекува Израел да ги отповика амбасадорите и во Шпанија.

Во екот на војната во Појасот Газа меѓу исламистичкото движење Хамас и Израел, неколку европски земји денеска објавија иницијатива за признавање на државата Палестина.

Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, објави норвешкиот премиер.

Ирска најави признавање на палестинската држава, изјави нејзиниот премиер Сајмон Харис во заедничкото соопштение со Осло и Мадрид.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена