Утрински Весник
Македонија

Изминатава недела регистрирани се 43 нови случаи на голема кашлица

Bolnica Deca.jpg

Нови 43 случаи на голема кашлица се регистрирани измината недела во земјава од 8 до 14 март, соопшти Институтот за јавно здравје. Споредено со изминатата недела бројката е пониска за 14 отсто. Од ИЈЗ наведуваат дека се регистрирани вкупно 216 случаи на лица заболени со голема кашлица. Од нив, најголемиот број, односно 190 се во Скопје, осум лица се во Тетово, петмина се од Куманово, три заболени лица има во Гостивар, а во Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и Кочани има по еден заболен. Најголем број од случаите се на возраст од 10 до 14 години. Од новите случаи, пет деца завршиле во болница, четири од нив се бебиња под една година и едно дете, кое спаѓа во возрасната група од една до четири години. Од сите 216 регистрирани случаи, 122 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација се вели во извештајот на ИЈЗ. 

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме