Утрински Весник
Македонија

Измамен 63-годишен тетовец, еве како го изманипулирале

Policija 780x470 1.jpg

На 14.06.2024 во 14:40 часот во СВР Тетово, 63-годишен тетовец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.600 денари.

Според пријавеното, лицето дошло во неговиот продажен објект и побарало да му подготви производи кои ќе ги плател кога ќе дојде неговата сопруга од банка.

Како што е пријавено, додека чекале лицето разговарало на телефон, по што му ги побарало парите за да плати брза пратка, а парите ќе му ги врател кога ќе плати за нарачаните производи.

Исто така, според пријавеното, откако му ги дал парите лицето излегло и не се вратило, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ го презеде бизнисот со историскиот криминал на Бехтел и Енка – нивни функционер стана дел од фирмата за надзор

Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата