
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава, а неговото семејство апелира до граѓаните за помош во потрагата.
Според информациите од семејството, Георгиевски излегол од својот дом во скопската општина Кисела Вода и се упатил во правец кон кулите кај Расадник. Оттогаш му се губи секаква трага.
Неговиот мобилен телефон е исклучен, поради што семејството во моментов нема можност да стапи во контакт со него. Блиските интензивно се обидуваат да добијат каква било информација од граѓани кои можеби го забележале во Кисела Вода, Расадник или на други места во Скопје каде што вообичаено се движи.
За исчезнувањето е информирана и полицијата и случајот е пријавен.
Семејството упатува апел до сите граѓани кои денеска го виделе Трајан Георгиевски или располагаат со каква било информација што би можела да помогне во неговото пронаоѓање, веднаш да се јават на:


