Утрински Весник
Македонија

Изгоре дел од туристичкото вовче Гроздоберко во Кавадарци

Detsko Vovce.jpg

Во пожар кој денес избувнал во гаражата на Градски зелен пазар во Кавадарци, изгорел дел од туристичкото вовче Гроздоберко, кое изминатиот период беше атракција во градот.

Поради санирање на штетата настаната од пожарот, оваа паркинг зона нема да работи во наредните два дена. Од ТППЕ Кавадарци информираа дека денес имале две интервенции за запалени возила и една интервенција во куќа поради неисправни кабли за електрична енергија. Истовремено, упатија апел до граѓаните, да не ги полнат електричните мопеди, тротинети и други слични уреди во затворени простории каде во непосредна близина има запаливи материјали.

-Мобилните телефони, лап-топ компјутери или ај падови полнете ги само во ваша близина додека сте во будна состојба, не е препорачливо полнење на уредите додека спиете, алармираат од ТППЕ Кавадарци.

Инаку, вовчето Гроздоберко е донација од градоначалникот Митко Јанчев, односно од неговата семејна компанија ,,Кожувчанка” и изнесувало 25.000 евра. Го донирал на општината со цел децата да се забавуваат, а градот да има повеќе интересни содржини. Беше пуштено во функција во јули, минатата година, и возеше по пешачката патека во Моклиште.

Можете да прочитате

Исчезнати тројца Непалци кои работеле во скопска фирма

Николоски бара ЈО да ги испита покачувањата на цените за автопатот Кичево-Охрид и за пругата кон Бугарија

Средба Мицкоски-Агелер: Разговори за приоритетите на новата Влада