Утрински Весник
Македонија

Изгаснати се пожарите во Шутка и Петровец – Утрово гори на пет локации

Pozar 2.webp.webp

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека вчера во државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои се уште 5 се активни, 4 се под контрола, а 16 се изгаснати.

Активни пожари има на следниве локации:


Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид (мешана шума)

Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева)

Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

Ставени под контрола се пожарите во:

Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, местo викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)

Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума)

Во текот на вчерашниот ден изгаснати се пожарите во следниве делови од земјава:

Општина Прилеп 1 – с. Ново Лагово (ниска вегетација)

Општина Прилеп 2 – населба Тризла (ниска вегетација)

Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума)

Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација)

Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација и стрниште)

Општина Могила – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација)

Општина Куманово 1 – населба Средорек (ѓубре)

Општина Куманово 2 – населба Карпош, ул. 154 (ниска вегетација)

Општина Куманово 3 – ул. Никола Тесла (ниска вегетација)

Општина Охрид 1 – ул. Ариф Мустафа (ниска вегетација)

Општина Охрид 2 – ул. Стив Наумов, место викано Тумба (ниска вегетација)

Општина Петровец – с. Огњанци (ѓубриште)

Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (ѓубриште)

Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација)

Општина Велес – с. Клуковец (ниска вегетација)

Општина Кавадарци – с. Дреново (ниска вегетација).

Можете да прочитате

Левица поднесе интерпелација за државниот обвинител Коцевски

Грета Тунберг во Македонија, го посети Тетово

Мицкоски: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината