Утрински Весник
Македонија

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

1000014064.jpg

Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа  седмата седница, на која беа разгледани и анализирани  предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик.

На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што членовите на Работната група водеа интензивна и конструктивна расправа за повеќе прашања кои директно влијаат врз транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес.

Министерството за правда ја истакнува посветеноста и активното учество на сите членови на Работната група и оценува дека процесот се одвива во духот на дијалог, професионалност и заедничка одговорност за унапредување на демократските стандарди во државата.

Реформите во изборното законодавство претставуваат важен чекор кон јакнење на институционалната доверба и обезбедување фер, слободни и демократски избори во согласност со европските стандарди и меѓународните препораки.

Следната седница  е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се  финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Падна 23-годишник во полициска акција во Скопје – пронајдена поголема количина кокаин

Приведени Германец и Србин на Табановце, им пронашле дрога и сомнителни евра