Изабел Голарт е во празнично расположение на Божиќ додека се релаксира во топлите води на Карибите.
Бразилската манекенка го покажа своето затегнато и исончано тело во минијатурни црвени танга. Се чини дека умее да ужива на белиот песок и кристално сините води на Сент Бартс, каде таа и нејзиниот свршеник, фудбалерот Кевин Трап поминуваат тропски одмор.
Убавицата (38) и германскиот голман (32) поминаа енергичен ден на затскриена плажа.
Сент Бартс е еден од многуте острови во Карипското Море. Ги привлекува посетителите со мешавина од француски шик и релаксација на остров. Со прекрасни затскриени плажи, добра француска кујна и грандиозни хотели, овој тропски рај е популарен кај светскиот џет-сет.
Овој остров е омилена дестинација на богатите и славните, според Travel and Leisure. Повеќето посетители пристигнуваат таму со јахти или приватни авиони. Островот е долг 13 километри и е опколен со 20 плажи и мали заливи. Пливачите и љубителите на сонцето можат да уживаат во прекрасна вода и бел песок.