Утрински Весник
Македонија

Изјава на јавниот обвинител Џаљаљ Бајрами

20251019185754 big 730x400 90.webp.webp
Dik 300x250 mk

Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите.

Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување.


На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје се евидентирани следните настани:
– ОЈО Велес презема дејствија за испитување на наводи за поткуп при избори и гласање, против две лица во селото Согле, Општина Чашка
– ОЈО Крива Паланка исто така испитува наводи за поткуп на гласачи.
– ОЈО Куманово постапува за проверка на два издвоени случаи за телефонски влијанија врз гласачи во Куманово и Кратово.
– ОЈО Скопје е известено од МВР за две задржани лица на гласачко место во Општина Чаир кои одбивале да се легитимираат, како и за 2 фотографирања на гласачко ливче во Гази Баба што во суштина е прекршок.

На подрачјето на ВЈО Битола, по наводи за поткуп при избори постапува ОЈО Прилеп за настан во Крушево и ОЈО Охрид за настан во Охрид, каде три лица во возило, по оперативни сознанија на МВР биле запрени и во возилото биле пронајдени банкноти од по 2.000 денари и наводни списоци на гласачи. По наредба на јавен обвинител се испитуваат сите околности на случаите.

На подрачјето на ВЈО Штип, не се примени писмени известувања за кривични дела поврзани со изборите. По усно известување за наводен поткуп на гласачи постапува ОЈО Свети Николе, додека ОЈО Штип и ОЈО Кочани постапувале по индиции за поткуп и притисок врз гласачи но наводите се веќе проверени и не се потврдиле.

На подрачјето на ВЈО Гостивар, ОЈО Тетово и ОЈО Кичево, по објавени информации на медиуми оформија предмети по допрен глас и испитуваат евентуални прекршувања на изборниот молк во Кичево и во Желино. Исто така, ОЈО Кичево постапува и по информација за нерегуларности при гласањето на едно болно и изнемоштено лице во Македонски Брод. Во ОЈО Тетово е заведен предмет и против непознат сторител на кривично дело повреда на тајноста на гласањето, бидејќи фотографија на гласачко ливче се појавила на социјални мрежи.

Станува збор за изолирани настани, а обвинителствата даваат приоритет на нивно итно расчистување.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Албанските медиуми за локалните избори: Мирен изборен тек, без ниту еден инцидент во демократска атмосфера 

Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече