Утрински Весник
Македонија

Ивановска: Ристовска треба да си поднесе оставка, а целата работа да ја преиспита Обвинителството

Ivanovska.webp.webp

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во Дневникот на ТВ Сител се осврна на последниот случај со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, но и со постапувањето на ДКСК по овој случај.

Според неа, не смеело да се дозволи за дипломата на Христовски да одлучува Цвета Ристовска, која предавала на истиот факултет од каде била спорната диплома.

„Тоа не смеело да се дозволи, иако предметите се распоредуваат електронски, кога станувало збор за тој предмет, Ристовска требала да биде изземена. Дури и ако паднала кај нејзе тој предмет, требало веднаш да се изземе затоа што имала деловни односи со Факултетот, без оглед дали е паричен надомест или не е паричен надомест и штом таа веќе имала деловен однос со Факултетот, тоа веќе претставува ризик за непристрасно одлучување, што на крајот фактички и се покажа и ова пиши-бриши на нејзиното име од сајтот на факултетот беше крајно несериозна постапка што во краен случај ја повредува интелигенцијата на граѓаните. Дури и одговорите што ги понуди во реферирањето, не беа целосно образложени, ниту пак целосно транспарентни“ вели Ивановска. 

Екс претседателката на Антикорупциска порача дека Ристовска треба да си поднесе оставка од ДКСК а целата работа да биде преиспитана од страна на Обвинителството.

„Предметот треба да го работи некој друг член и ова е веќе работа на обвинителство и овој член (Ристовска) ако има малку етичност во себе треба да си даде оставка однонсо да биде разрешен од страна на Собранието. Никогаш не било случај да се преиспитува предмет во самата Комисија но во овој случај целата работа треба да ја преиспита Обвинителство“ истакна Ивановска. 

Можете да прочитате

ЗБОГУМ НА 2024 И ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА 2025 ГОДИНА ШТО ДА СИ ПОСАКАМЕ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ 

Близначки првите бебиња годинава во Велес

Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен во сабота