Утрински Весник
Македонија

Ивановска: Оставката на Ленче Ристоска е пример за интегритет, но кој ќе одговара за одземањето на овластувањата?

Img 1404.jpeg

Вечерва во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.мк, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, ја коментираше оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за потег кој говори за личен интегритет.

„Оваа оставка за мене е одлика на висок интегритет. Се согласувам дека секој има шанса да напредува, како што вчера изјави обвинителот дека ќе ги земе овластувањата и дека напредокот е достапен за сите“, истакна Ивановска.


Сепак, таа нагласи дека клучно за довербата на граѓаните не се изјавите, туку конкретните резултати од работата на институциите.

Според Ивановска, одземањето на овластувањата на обвинител кој веќе работи на случаи во завршна фаза може да има негативно влијание врз ефикасноста.

„Со одземањето на овластувањата на некој што дошол до завршна фаза, како што е Ленче Ристоска, по мое мислење, тоа може да ги одолговлекува ефектите. Нека објасни обвинителот на што се должи ова одземање на овластувањата“, порача таа.

На крајот, Ивановска повтори дека ја разбира одлуката на Ристоска и дека, според неа, оставката претставува јасен пример за професионален и морален интегритет.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати

Лабовиќ: Постојат дилеми кај нашата правна елита, аналитичарите и експертите во смисла дека нема систем

Ивановска: По Кочани, ништо не се смени за една година системот остана ист