Утрински Весник
Македонија

Ивана Гиновска е нов директор на Државниот инспекторат за животна средина

Ivana Ginovska 1.jpg

Ивана Гиновска од Куманово е официјално назначена за директор на Државниот инспекторат за животна средина. Гиновска е родена во Скопје во 1989 година и има магистерска диплома по економски науки, со специјалност во маркетинг менаџмент.

Своето професионално искуство го започнала како банкарски службеник, а подоцна продолжила да работи во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, како и во ЈП „Куманово паркинг“. Таа е член на Управниот одбор на заедничкото јавно претпријатие за управување со отпад „Еко Исток – Североисток“.

Во рамките на последните парламентарни избори, Гиновска беше кандидат за пратеник во изборна единица 2 на листата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Назначена е на функцијата директор од Владата, заменувајќи го досегашниот раководител Сретен Стојковски.

Можете да прочитате

Меџити: Коцкањето во последните години стана рак на општеството

Избувна пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово – Изгоре складиран изборен материјал

Наскоро нов продолжен викенд – Уште колку неработни дена остануваат до крајот на годинава?